Регион

Возач тешко повреден откако излетал од патот Добрејци-Василево

Утрово во 01.55 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Р 1403, делница помеѓу селата Добрејци и Василево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа во која Д.Р. (22) од Струмица, управувајќи патничко возило „бмв“ со струмички регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот, соопшти МВР

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Препорачуваме:

Заради нелојалната конкуренција ,тезгаџиите од Глобал излегоа на улица да продаваат овошје и зеленчук

Одржана свечена прослава по повод Денот на турската настава во Македонија

Ѓ. K.

Гевгелиската болница доби ново амбулантно возило