Регион

ВОДАТА ВО ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО Е ВО ОДЛИЧНА СОСТОЈБА

Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека истата е во одлична состојба и е безбедна за капење и рекреација на луѓето! Според последните извештаи од тестирањата на здравствената безбедност на водата од ДојранскотоЕзеро, примероци земени од Градската плажа, плажатакај хотелот “Полин” и плажата “Гранико” е докажано дека водата кај трите споменати плажи е во одлична состојба и истата може да се користи за капење и рекреација на луѓето. Резултатите од испитувањата на езерската вода се сосема исти со минатата година, односно, резултатите ја истакнуваат нејзината непроменета одлична состојба и покажуваат параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето. Вотекотналетниот период неколку пати ќе се земаат примероци од езерската вода за нејзино тестирање.

Препорачуваме:

Видео: Николина Ташевски промовираше стручен труд и тврди дека треба одврзани раце за борба против даночното затајување и перењето пари

Тензично почна седницата на Советот на општина Струмица

Сузана Мицева

„Распеани валандовчани“ со промоција на монографија ќе одбележат пет децении постоење

Ѓ. K.