Регион

ВМРО ДПМНЕ со предлог: Бројот на пратеници да биде 90, а не 120

ВМРО ДПМНЕ со предлог: Бројот на пратеници да биде 90, а не 120

„120 пратеници во Собранието е преголем затоа е потребно да се намали на 90 за функционална демократија и намалување на финансиските трошоци, пари на граѓаните.

Ваков пример на Собрание од 90 пратеници има во Република Словенија.

За бројот колку што ќе се намали македонското Собрание, 30 пратеници, граѓаните месечно плаќаат по 51.000 евра по основ на плати и придонеси, а 612 илјади евра годишно. Ако се земе предвид дека на народните претставници им се исплаќа и за патни трошоци државата годишно инкасира скоро еден милион евра.

За еден милион евра, заштедени годишно државата може да набави над 15 амбулантни возила и 10 противпожарни возила за граѓаните

За овој предлог, како и за предлогот за една изборна единица ги повикуваме сите политички партии на дебата, како и за консултации за поддршка за овие предлози“, се вели во соопштението.

Препорачуваме:

Користеле фалсификуван жиг: приведени дрвокрадци од радовишко

Ѓ. K.

Пожар во струмичко основно училиште, паднати дрвја, урнат покрив од зграда

Ѓ. K.

Бензините поскапуваат за 2, дизелот за 2,5 денари

Ване Трајков