Регион Спорт

Владо Милев избран за спортист на Струмица

Одбојкарот на Џио Струмица Владо Милев ја понесе титулата Спротист на Струмица за минатата година. Тој на прогласувањето на најуспешните во струмичкиот спорт за 2020 та, доби најмногу поени од седумчленото жири кои ги бодуваше кандидатите номинирани од самите клубови. Во трката за ова признание беа предложени 14 кандидати а Милев со 82 поени го понесе ова признание. Второтo место и припадна на Сара Велкова од ЖФК Тиверија која доби 68 поени додека третото место му припадна на фудбалерот на Академија Пандев Ѓорги Стоилов кој доби 50 поени

,,Во домот на АРМ се одржа традиционалниот избор на најдобрите и најуспешните спортски екипи, тренери и спортисти во општина Струмица за 2020 година. Поради неодложни професионални обврски не присуствував на изборот, но на најдобрите во спортот им го честитам изборот и им посакувам уште поголеми успеси во оваа 2021 година. Како и досега и оваа година остануваме пријатели на сите спортисти и ја продолжуваме финансиската поддршка,, напиша на ФБ Коста Јаневски

Препорачуваме:

Меморијален планинарски марш „Д-р Георги Петков“

Сузана Мицева

Оддржана првата форумска сесија во богданци

Ване Трајков

На „Бетовенова“ отворен нов наплатен центар на ЈПКД “Комуналец“