Регион

Видео – Уапсен струмички бизнисмен за даночно затајување

Финансиската полиција во изминатото деноноќие изврши акција во Струмица при што уапсени се бизнисменот од Струмица Д.Т. кој бил сопственик и управител на фирма и вработена во бензинска пумпа во градот со иницијали Е.Т.

Според информацијата двете лица во подолг временски период од 2010 до 2014 вршеле организиран криминал со намера да се стекнат за стекнат со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Република Македонија.

Бизнисменот е осомничен дека од 2010 до 2014 година со намера да се стекне со имотна корист се договорил со второосомничената вработена во бензинска пумпа, да изготвуваат документација со која компанијата нема да плаќа данок во буџетот на Македонија.

За пет години осомничениот бизнисмен потрошил 1.524.000 евра во кеш за набавување на нафта, иако истовремено вршел и набавка на нафта во помали количини од други бензински станици.

Полицијата извршила контроли во сметководството на компанијата, како и во бензинската пумпа.

Бизнисменот Д.Т и неговата соработничка Е.Т со своите криминални активности успеале да ја оштетат Република Македонија за 536.000 евра, заради што против нив до Основното јавно обвинителство во Струмица се поднесени кривични пријави за постоење на основано сомневање за сторени кривични дела „Даночно затајување“, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ и „Фалсификување на исправа“, информира финанинската полиција на својата веб страница.

Двете лица се уапсени и изведени пред судија на претходна постапка во ОС Струмица, кој треба да донесе одлука дали лицата ќе добијат притвор.

Препорачуваме:

Од вторник струмичките угостители со двочасовни блокади на улиците

Dimitar Micev

Народниот правобранител од Струмица со апел:Внимавајте какви спогодби потпишувате со ЕВН,подметнуваат застарени долгови.

Стојне Митева

Видео – Буџетот на Струмица за 2018 е развоен и реален, скроен според потребите на граѓаните, вели градоначалникот Коста Јаневски

Ване Трајков