• Sat. May 18th, 2024

Видео: При земјотре на Филипини, се излеа базен од висококатница

Филипини вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер, поради што се тресеа многу згради а жителите панично бараа место да се засолнат, пренесува Makfax.

На социјалните мрежи се појавија многу снимки од потресот. Меѓу нив има една на која може да се видат огромни количини вода како се излеваат од станбена висококатница во округот Бинондо во градот Манила. Според локалните медиуми, водата паѓала од базен, кој се наоѓа на врвот на пентхаус висококатница. Од видео-снимката може да се види како водата се разлева на 190 метри оддалеченост.

Зградата се вика „Анкор Скајсјутс“ и е неодамна изградена, а официјално била отворена во 2015 година. Една е од највисоките згради во тоа подрачје и се смета за највисока градба меѓу сите кинески населби во светот кои се наоѓаат надвор од Кина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *