• Mon. May 13th, 2024

(ВИДЕО) На небото над Кина се појави многу редок феномен 

ByЃ. K.

Jul 15, 2023

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа необичен феномен на небото над Кина.

Иако на прв поглед изгледа како виножито, тоа е всушност ретка појава која изгледа сосема нереално, со што се согласија многу тиктокери.

Имено, видеото од сцената од бајките собра речиси 190 милиони прегледи и повеќе од 34 милиони лајкови, а луѓето не престануваат да го коментираат виралното видео, пренесува Индекс.

„Ова е толку убаво, може ли да биде реално?“, праша една жена во коментарот, а потоа следуваше одговорот: „И повеќе од реално“.

Што е тоа?

Станува збор за магичен феномен, облакот се вика Pileus, што на латински значи „капа“. Овој облак од бои на виножитото во облик на капа е редок феномен.

https://www.tiktok.com/@juleko_o/video/7253168128371330330

By Ѓ. K.