Регион

Видео – Крсте Панев избран за претседател на Советот на Василево, градоначалникот Јанев очекува успешна соработка

Крсте Панев е избран за претседател на Советот на општина Василево на првата, конститутивна, седница. Подршка му дадоа сите советници чии мандати вчера беа верификувани

„ Ги повикувам сите општествени чинители активно да се вклучат во решавањето на секојдневните проблеми на граѓаните преку поднесување на предлози и идеи преку нас советниците бидејќи ние сме тие избрани од граѓаните да ги претставуваме нивните интереси.“,   рече Крсте Панев по официјалниот избор за прв човек на Советот на општина Василево.

На седницата присуствуваше и градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој на новоизбраните советници честитајќи им го изборот им посака  успешна и плодна работа.

„Како новоизбран градоначалник на општина Василево очекувам одлична соработка со претседателот на Советот и сите нови советници. Апелирам до советниците и од позицијата и од опозицијата заеднички да работиме за интересите на граѓаните на општина Василево за да овозможиме брз прогрес на општината на сите можни полиња. Во исто време сакам да  им  го честитам мандатот на новоизбраните советници и да им посакам успешна и плодна работа“ , изјави градоначалникот Јанев.

 

Препорачуваме:

Акциска контрола во Струмица

Ване Трајков

Ќе се формира регионален социјален совет на Југоисточниот регион

Сузана Мицева

Писмо од Еуромакс Ресурцес

Dimitar Micev