Спорт

Видео – Интер со приказна за „Ил гранде Мачедоне“ Горан Пандев

Трикратниот европски првак Интер на својот официјален сајт отстапува простор за приказни посветени на важните луѓе за историјата на клубот. На ред дојде „Ил гранде Мачедоне“, кој заигра и одлично се снајде во историската година под водство на Мурињо.

Горан Пандев беше клучниот човек за време на тројната круна на Интер. Неговото доаѓање во јануари 2010-та му дозволи на Жозе Мурињо да направи тактичка промена на која се надеваше.

Инаку Пандев прво сјаеше со Обафеми Мартинс за Интер Примавера и го освои Вијареџо Купот и Скудетото. Потоа следуваа позајмиците во Специја и Анкона, па трансферот во Лацио каде стана еден од најдобрите втори напаѓачи во лигата.

Во Интер се врати токму на време за тројната круна. Постигна гол во финалето на Светското клупско првенство, а исто така и против Баерн Минхен со што го елиминираше од Лигата на шампиони. Интуицијата на скаут тимот помогна да се обликува историјата на Интер, што е сведоштво за одличната работа која се одвива зад сцената на академијата на клубот.

Препорачуваме:

120 ветерани од цела Европа,се натпреваруваа во спортска ориентација во Струмица

Ване Трајков

Пандев распали против ФФМ: „Срамно е и жално“

Ване Трајков

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб ја доби листата на можни противници

Ѓ. K.