• Sat. May 11th, 2024

Брера и Пандев излегоа на њујоршката берза, следат инвестиции во Академија Пандев

ByВане Трајков

Feb 10, 2023

Италијанската компанија „Брера Холдинг“ излезе на њујоршката берза Насдак и на јавна понуда собра околу 8 милиони долари од кои дел ќе треба да инвестира и во македонскиот прволигаш Академија Пандев. Струмичкиот клуб го очекува реструктуирање, а „Брера Холдинг“ ќе откупи 70% од акциите на Академија Пандев.

Целиот проект треба да биде поврзан и со клубови во Аргентина, Гана и Мозамбик, мрежа која треба успешно да работи во фудбалскиот свет.

Пандев ќе остане сопственик на 30% од акциите и ќе ја задржи младинската академија на клубот, впрочем како што и почна да се развива Академија Пандев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *