Свет

Богородичната црква во пламен: Се урива историја и уметност стара девет векови

Светот е во шок во пожарот што ја обви во пламен Богородичната црква во Париз, позната како Нотр Дам. Парижани спонтано се собираат во квартовите околу црквата, очекувајќи вести за ширењето на пожарот. Некои од нив плачат, некои се молат да се сочува едно од најзначајните обележја на Париз и Европа. Пожарникарите на Париз изјавиле дека гаснењето е многу деликатно, затоа што не можат да се употребуваат авиони кои се движат со голема брзина и носат огромни количини вода, бидејќи тоа може да биде фатално за готската катедрала и целосно да ја сруши.

Портпаролот на париската црква изјави дека внатрешноста на Нотр Дам е уништена, бидејќи речиси целата внатрешност е изработена од дрво.

https://www.youtube.com/watch?v=iQrmJqt8mlM

Препорачуваме:

Малта прифатила 65 мигранти од германскиот спасувачки брод

Импичмент за претседателката на Бразил

Украина ги прекина дипломатските врски со Русија

Сузана Мицева