• Sat. May 18th, 2024

Богданци на референдум за рудникот во Казандол на 11 јуни

Богданци на референдум за рудникот во Казандол. Советот на општината синоќа едногласно одлучи дека граѓаните треба да се изјаснат за отворањето на рудникот, откако тој стана тема на многу дискусии и страв кај населението околу потенцијалните загадувања. Советниците дебатираа дали на референдумот да се настапи со едно или две прашања кои што се однесуваат на стопирањето на рудникот во Казандол и спречување на отворање на нови рудници.

Пред почетокот на седницата граѓаните организираа собир во градскиот парк веднаш спроти општинската зграда, на којшто присуствуваа стотици жители кои испратија порака до советниците да внимаваат на интересите на граѓаните кои што ги застапуваат.

Богданци ќе издвои средства од буџетот за организирање и спроведување на општинскиот референдум, кој ќе се одржи на 11 јуни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *