• Thu. May 23rd, 2024

Би можел ли индискиот сој на Ковид да го расипе летото?

By

Jun 8, 2021

Индискиот сој на коронавирусот е потврден во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Вирусот бил детектиран кај пациент кој се вратил од Ирак и кој се лекувал во приватна болница.

– Минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на индиски сој на вирусот СарсКов2. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата – велат од Министерството.

Од таму додаваат дека состојбата на пациентот е стабилна. 

Би можел ли индискиот сој на Ковид да го расипе летото, на ова прашање Филипче одговара, сметајќи дека истиот не би требало да ја влоши епидемиолошката состојба. 

Тој вели дека граѓаните не треба да се опуштата, а масовната вакцинаја е во тек, повикувајќи што повеќе луѓе да се пријават. 

Во меѓувреме, епидемијата во Македонија се повеќе стивнува.

извор:https://skopjeinfo.mk/bi-mozhel-li-indiskiot-soj-na-kovid-da-go-rasipe-letoto

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *