Регион

Бесплатен роаминг низ Западен Балкан

Од 1-ви јули бесплатен роаминг низ Западен Балкан

Укинувањето на роамингот е дел од договорот на земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Србија).

Првата фаза од спроведувањето на договорот започна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена за 80 проценти, додека втората фаза, односно целосно укинување на роамингот, беше најавена за 1 јули 2021 година.

Европската унија побара укинување на роамингот во телекомуникациските тарифи за земјите од Западен Балкан, како форма на олеснување на комуникацијата на граѓаните.

Препорачуваме:

Интервју со Катерина Кузмановска директор на ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица

Почна изградба на градинка во Ангелци

Сузана Мицева

Општина Василево потпиша договор за изградба на две улици

Dimitar Micev