Спорт

Беласица убедлива против Тиквеш во Кавадарци – ја прокнижи седмата победа

Фудбалерите на Беласица ја забележаа  седмата победа во Втората фудбалска лига исток . На гостувањето во Кавадарци забележа убедлива победа од 4:0  против составот на Тиквеш

Според информациите, струмичките сино бели во текот на целиот натпревар биле доминантни и воопшто не била доведена во прашаање победата, откако по првите 45 минути трипати ја затресле мрежата на домаќините.

Головите за Беласица ги постигнаа Костовски, Ташев, Кочоски и Радојчиќ.

Со Брегалница од Штип, струмичка Беласица се на врвото во источното второлигашко фудбалско натпреварување

https://www.facebook.com/belasicafc/videos/1007402156068531/

Препорачуваме:

Помладите пионери У16 од тимот на Брера се пласираа во големото финале

Ѓ. K.

Видео од четирите гола на,,Пандевци,, со кои го совладаа Пелистер во Битола

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Ѓ. K.