• Thu. May 16th, 2024

Беласица во гости а пандевци на свој терен освоија по бод во дуелите со Работнички и Шкендија

ByВане Трајков

Sep 29, 2018

Академија Пандев и Беласица во рамките на 8 то првенствено коло од Првата фудбалска лига на Македонија освоија по еден бод. Академија Пандев на свој терен со шампионот Шкендија одиграа без голови додека струмичките синобели во гости кај Работнички ремизираа 1:1

Во Турново мрежите на Чубраковиќ и  Захов мируваа иако двата тима се обидуваа да го најдат вистинскиот пат. Пандевци покажаа поголема иницијатива во второто полувреме  но не може да ја надмудрат одбраната на шампионот и голманот Захов.

Во Скопје пак Беласица не успеа да ја продолжи победоносната серија, но ја продолжи серијата првенствени натпревари без пораз. Откако Вујанац беше надмудрен за водство на Работнички Беласица преку Ивановски израмни на 1:1.

Со овие победи Академија Пандев останува на втората позиција додека Беласица  седма на прволигашката табела

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *