Регион

Бектеши – Референдумите немат основ за раскинување на договори за експлотација на руда

Согласно законската регулатива ,не може Владата на РМ да ги раскине договорите за за веќе издаени концесии за експлоатација на минерални суровини заради успешен референдум или граѓанска иницијатива. Вака им одговори министерот за економија Крешник Бектеши на градоначалниците од југоистокот кои побараа став од Владата и министерството за економија во врска со референдумите што се одржуваат во ивните општини

,, Во законот за минерални суровини како и во законот за концесии и јавно приватно партнерство нема основ за едностран раскин на договорот за концесија од страна на Концедентот односно Владата на РМ заради реализиран референдум или пак граѓанска иницијатива против започнувањето со експлоатација на веќе доделени концесии за експлоатација на минерални суровини. Во насока на конечно решавање на ова прашање, Владата на РМ како концедент, заедно со Министерството за економија во соработка со сите засеганати страни, ќе треба најпрво да обезбеди стручни мислења и анализи а потоа да се изнајде решение во рамките на законот,, стои во дописот од министерот Крешник Бектеши до  градоначалниците од југоистокот

Препорачуваме:

Ликовна изложба во Ново Село

Сузана Мицева

Агресивноста на македонската пчела – компаративна предност за пчелин отров

Ване Трајков

Струмица и Лесковац ќе се збратимат најавија двајцата градоначалници

Сузана Мицева