Регион

Без вода повеќе населени места во О. Босилово поради дефект на главната линија

Од синоќа поради дефект на главната водоводна цевка кој настана по обилните врнежи од дожд во струмичкиот регион, повеќе населени места во општината Босилово се без вода. Kако што не информираше градоначалникот Ристо Манчев станува збро за населените места кои се на хидросистемот Иловица, но се работи на отстранување на дефектот.

,,Околу 10 тина населени места сеуште се без вода. Екипи на ЈП Огражден од синоќа се на терен и интензивно работат на санација на дефектот. Очекуваме во текот на днешниот ден да се нормализира водоснабдувањето на домакинствата кои се приклучени на хидросистемот Иловица,, ни изјави градоначалникот Манчев

Препорачуваме:

Тутунари од струмичко бараат итност за измените на законот за тутун и да се откупи виошокот

Ване Трајков

Утре ќе се соопштат најуспешните маски од карневалот

Сузана Мицева

Сандо Масев: Училиште на детските соништа.

Сузана Мицева