Регион

АФПЗРР: До крај на мај земјоделците ќе може да конкурираат за набавка на трактори

АОд денеска до крај на месец мај, земјоделските стопанства ќе може да конкурираат за добивање на средства за набавка на трактори. Овој повик се реализира согласно тековните и планирани рокови по програматата за рурален развој.

Вкупните  прифатливи трошоци по поединечен корисник за набавка на трактор изнесуваат до 3.500.000 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Финансиската поддршка се исплаќа по принципот на ко-финансирање на реализирани и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци.

Но, процентот на ко-финансирање  се зголемува  на 55% од вредноста на инвестициите доколку носителот на земјоделско стопанство е млад земјоделец (од 18 до 40 години старост ). 60 отсто кофинансирање е предвидено доколку инвестицијата се реализра во подрачје со ограничени можности, 65%  кофинансирање од вкупната вредност се доделува за инвестиции поднесени од млади земјоделци чии што земјоделски стопанства се наоѓаат во подрачје со ограничени можности и 75 % кофинансирање  е предвидено  за инвестиции во недостапни рурални заедници.

Оваа година во Програмата за рурален развој двојно е зголемена  вкупната финансиска поддршка за набавка на трактори. Односно од минатогодишните 30 милиони денари,  годинава за оваа намена издвоени се 60,2 милиони денари.

Барателите кои сакаат да конкурираат за добивање на оваа финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локацијата  на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документите предвидени за мерка 121, Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства подмерка 121.4.Набавка на трактори.

Сите заинтересирани потребно е да имаат :

минимум производствен капацитет од 2 ха за производство на различни или на една земјоделска култура

 минимум  0,5 ха за производствен капацитет на зеленчук на отворено.

Преку овој повик може да се набават трактори, но, не и приклучна земјоделска механизација. Приклучна механизација во иднина ќе може да се набавува преку ИПАРД програмата на некои од наредните повици.

Барателите кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка трактори преку ИПАРД Програмата и Националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој за претходните пет години, не се прифатливи како корисници на оваа мерка.

Препорачуваме:

202 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починати се 2 лица

Стојне Митева

Смоквијада 2019: Концерт на Хари Мата Хари

Ване Трајков

Видео: Дојранското земјиште вреди злато цени од 50 до 100 евра за квадрат

Сузана Мицева