Спорт

Астраионци блеснаа, за седум часа – две победи и се пласираа во следната фаза од КУПОТ

Ракометарите на Астраион обезбедија пласман на завршниот пред турнир во КУПОТ, откако денес во Групата 4 најпрво славеа против Младост 09 од Богданци а потоа и против Вардар од Неготино со што си обезбедија учество мегу најдобрите ракометни клубови во земјава во ова натпреварување, кои ќе бидат поделени во нови 4 групи

Струмичани презентираа храброзт, упорност и пожртвуваност на теренот во салата ,,Парк’’ и тоа против два тима кои според есенскиот пласман, пролетва ќе се натпреваруваат за повисок ранг од идната сезона. Го принудија Младост 09 да го положи ,,оружјето,, откако астраионци одиграа фантастично второ полувреме и со 27:22 обезбедија групно финале каде се сретна со Вардар од Неготино

Иако во своите редови неготинскиот состав имаше далеку повозрасни и поискусни ракометари, момците од Астраион со разновидни акции успеа да го секнат и да слават со 24:21. Ончев со 8 ,Кавазов со 6 постигнати гола беа предовдници кај струмичани. Касапов постигна 4, Стојанов 2 а во листата на стрелци се запишаа и Велков, Катранџиев, Кочев и Стојанов. Секој ракометар имаше свој учинок во победата а свој придонесе имаше и голманското дуо. Инзворедниот  Гогов со 16 и Перовановиќ со 2 одбрани

Астраионци сега чекаат уште една групна фаза од Купот но со далеку посилни противници. Најдобрите 4 екипи од тие групи ќе се борат за Куп титулата

Препорачуваме:

„Пандевци“ преку Шкупи на чекор до полуфиналето во Купот

Ване Трајков

Пелистер го освои Купот во Струмица и заработи премија од 33 илјади евра

Ване Трајков

Деветта куп титула за одбојкарите на Струмица Никоб

Ване Трајков