Свет

Албанија заради бегалците побара помош од Италија

Албанија побара помош од Италија за да се подготви за можниот прилив на бегалци од Блискиот исток.

Министерот за внатрешни работи Саимир Тахири изјави денеска дека владата во Тирана побарала помош од италијанските власти во случај на прилив на поголем број на мигранти.

Албанија до сега, не се наоѓаше на балканската рута на миграните кои патуваат кон западноевропските земји. Меѓутоа, Македонија и Србија ги затворија своите граници со Грција, што може да ги наведе мигрантите да побараат други патишта кон саканите дестинации.

Се очекува билатералниот договор да биде склучен следната недела за време на посетата на италијанскиот министер за внатрешни работи на Тирана.

Италија ќе и понуди на Албанија опрема и човечки ресурси за регистрација на миграните и за заштита на нејзините граници.

Препорачуваме:

Италија победник на Евровизија

Видео: Во родното Ѓаково погребан ракометарот Денис Тот

Сузана Мицева

Бури ја пустошат Калифорнија

Сузана Мицева