Спорт

Академија Пандев ремизираше со Ренова- без победа во последните 4 меча

Фудбалерите на Академија Пандев го одиграа и четвртиот ,, пролетен,, меч но сеуште го немаат почуствувано вкусот на победата и целиот плен од еден натпревар во овој втор дел од шампионатот. На стадионот Кукуш  во Турново во 22 коло ремизираа со Ренова 1:1. Балдовалиев во 24 минута од пенал го отвори резултатот но Гафури во финишот од првото полувреме го израмни резултатот со гол од 20 тина метри

За разлика од првото полувреме, вторите 45 минути не донесоа возбудувања на теренот.  Пандевци имаа шанса за гол во 64 минута но Марков не успеа вистински да се снајде и да ја затресе мрежата на гостите кои во Турново се покажаа како цврста екипа

Ова е второ реми за ,,пандевци,, во овој дел на првенството на Кукуш . Со Скопје одиграа без голови а порази претрпеа од Шкупи и Шкендија.

 

Препорачуваме:

Астраионци со победа над Прилеп го завршија есенскиот дел, ќе презимат на втората позиција

Ване Трајков

Видео – Тиверија најмасовен женски фудбалски клуб во Македонија – потенцијал има велат од клубот

Ване Трајков

Промотивно видео за Параолимписките игри во Рио – ,, Јас можам,,

Ване Трајков