Регион

Автомобил излетал од патот кај Гевгелија, 28-годишна девојка е тешко повредена

На 17.10.2023 во 11.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат село Николиќ – Нов Дојран, Б.Н.(56) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, со возилото излетал надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.Н. (28) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Препорачуваме:

Пронајдени 86 мигранти кај Богданци

Сузана Мицева

Струмица продолжува со подобрување на енергетската ефикасност во училишта

Ване Трајков

Протече скопски документ што ја разоткрива коалицијата на затворените граници