• Sun. May 19th, 2024

Струмица забележа победа, Охрид немаше сила за изненадување

Кошаркарите на Струмица забележаа победа против новајлијата во провлигашкиот Шампионат, екипата на Охрид АВ. Во спортската сала Парк, избраниците на Зетов славеа со 74:68 против гостите од Охрид кои се покажаа тврд орев. Струмичани почнаа добро но во третиот период дозволија  охриѓани да се разиграт и да дојдат до предност и од 8 поени. Но во последната четвртина Зивчевиќ успеа во  клучните моменти да биде прецизен за мирен финиш и славје на домаќините. Освен Зивчевиќ по ефикасност се покажаа Богоев со 14 и Јокич со 12 поени.

Ова е втора победа на Струмица се проби на четвртата позиција. По четири кола еве како изгледа табелата во Првата кошаркарска лига на Македонија. Работнички 8 бода, Фени Индустри 8, Куманово 7, Струмица 6, Кожув 5, Пелистер 5, Охрид 5 и Вардар 4. Следното коло Струмица му гостува на Пелистер во Битола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *