• Sat. May 18th, 2024

Струмица го направи првиот чекор кон Шампионскиот одбојкарски пехар

Одбојкарите на Струмица го направија првиот чекор за освојување на Шампионската титула. Синоќа во првиот дуел против Пробиштип во финалето од плејофот славеа со 3:0 во сетови (33-31,25-13 и 25-19. Интересен беше само првиот сет кога гостите се заканија и беа на прагот да го освојат , но по пропуштени три шанси четата на Кире Ричлиев и актуелни КУП победници не дозволија изненадување на свој терен.

Во продолжението беше чиста рутина за одбојкарите на Струмица кои лесно ги добија следните два сета за максимална победа. Следниот натпревар се игра утре во Пробиштип. Со евентуална победа таму, струмичани во третиот натпревар на свој терен ќе има можност да го подигне Шампионскиот пехар

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *