• Sun. May 19th, 2024

Новус со мониторинг до каде е предизборното ветување за локален младински совет

ByВане Трајков

Jan 26, 2023

Нема општина по мерка на младите ако нема локален младински совет. Вака потенцираа од Центарот за истражување и анализи Новус од Струмица кои го следаат предизборното ветување на градоначалникот Костадин Костадинов дека фокус ќе му бидат младите. За таа цел организираа герила акција за симулација на локален младински совет со цел да го потсетат градоначалникот на ова ветување но и да ги анимираат младите да бидат дел од иницијативата за формирање локалне младински совет   

Општина Струмица нема младински совет, но распиша јавен повик до младите за формирање на координативно тело кое ќе ја тера постапката. Паралелно во Струмица веќе се работи стратегијата за млади а до средината на ова година треба да има и Младиски центар во општинската зграда

Центарот Новус денешната герила акција за наводно изборно собрание на локален младински своет во Струмица го реализираа преку  проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *