• Sat. May 18th, 2024

Младите на струмичка Беласица на Равена Куп 2017 во Италија

 

Младите фудбалери на Беласица го започнуваат турнирот „Равена куп 2017“кој ќе заврши на 25 април. На младите таленти на фудбалскиот клуб „Беласица“ родени 2002 и 2003 година во последната група Ф противници им се фудбалските клубови „Јесина Калчо“ од Италија, „Душановац“ од Србија, „Стувста“ од Шведска и „БВБ03“ од Англија.

Според информациите од клубот ова е убава можност младите да се стекнат со меѓународно искуство и да ја презентираат струмичката младинска школа.

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска, ги испрати младите фудбалери на фудбалскиот клуб „Беласица“ на големиот меѓународен турнир „Равена куп 2017“ во Италија. На средбата пред заминувањето, им посака среќен пат и многу успех на турнирот, потенцирајќи дека тие се гордост на општина Струмица која и го поддржа нивното учество на овој турнир.Општина Струмица во изминатите 12 години е партнер со сите спортисти и спортски клубови и континуирани ги поддржува нивните активности и настапи како на домашната така и на меѓународната спортска сцена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *