• Sat. May 18th, 2024

Игор Петков најавува победа против Апиа во Виареџо

,,Мислам дека не се посрамотивме вчера против Интер иако бевме поразени со 4:0. Сепак ни беше чест што со таков реномиран клуб го отворивме турнирот во Виареџо,,. Вака накусо ни истакна Игор Петков од Академијата Пандев кој тврди дека судиите биле наклонети кон италијанскиот состав иако биле рамноправни во текот на целото прво полувреме со неколку шанси за гол.

,, Дуелот со Интер го оставаме зад нас. Сега сме сконцентрирани кон Апиа и одиме на победа против австралискито состав. Сметам дека можеме да ги минеме Со победа можеме да се надеваме за пласман во втората фаза,, кусо ни кажа Игор Петков

Апиа во првиот дуел беше поразен од Специа со 6:0 а дуелот со младите од Австралија ,, пандевци,, го играат утре

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *