• Mon. May 20th, 2024

„Гевгелиско културно лето“: целовечерен концерт на Ансамблот „Бојмија“

ByЃ. K.

Aug 7, 2023

Продолжува „Гевгелиско културно лето“ со организација на настани за сечиј вкус. На 9 август, следи целовечерен концерт на Ансамблот за традиционални ора и песни „Бојмија“, којшто ќе се одржи на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот.

„Бојмија“, пред гевгеличани, ќе се претстави со кореографски поставки од својот богат репертоар. Настанот е во организација на ЈОУ Пионерски дом – Гевгелија и ЈОУ Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија.

By Ѓ. K.