• Fri. May 17th, 2024

Ќе се асфалтира уште еден километар од патот Чанаклија Нова маала

ByВане Трајков

Jul 31, 2017

Почнаа работите за доизградба на патниот правец Чанаклија – Нова маала во општина Василево. Според градоначалникот Ванчо Стојанов, во оваа фаза ќе биде асфалтиран дел од патот во должина од еден километар и тоа почнувајќи од населеното место Чанаклија така што ова воедно ќе претставува и улица за жителите кои живеат во овој дел од селото.  Ширината на овој пат ќе биде 5 метри плус банкини со ширина од по половина метар од двете страни на патот.

Вкупниот буџет за оваа инвестиција изнесува 6,5 милиони денари од кои околу 5,2 милиони денари се од Бирото за регионален развој обезбедени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и околу 1,3 милиони денари од општинскиот буџет.

Вкупната должина на локалниот  пат Чанаклија – Нова Маала  е околу 4 км. од кои досега се асфалтирани 1,3 км. од правецот на Нова Маала  кон Чанаклија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *