• Mon. May 20th, 2024

Ќе интервенираат ли надлежните за свлечиштата на река Струмица или ќе се чекаат поплави?

Деновиве преставници од повеќе надлежни институции ќе излезат на терен за да констатираат кои мерки се потребни за да се интеревенира на свлечиштата кои се појавија на реката Струмица во атарот на селото Дабиле. Ќе се утврдува и кој е надлежен за санација на свлечиштата кои ги поткопаа бедемите на речното корито со опасност при пројни дождови да се срушат и реката да се излее во обработлвитие површини. Вчера жителите од Дабиле алармираа, ако не се интервенира најскоро со свлечиштата, се отвара можност да се помести водотекот и да се загрози и безбедноста на земјоделците

Свлечиштата се појавиле минатата недела по надојдените води од поројните дождови но и неисчистеното речно корито. Според земјоделците потегот од селото Просениково до општина Босилово цели 30 години не е исчистен. Во речбното корито израснати се дрвја и наталожени се купишта разновиден отпад со песок.. Сето тоа го поместил водотекот кој сега ги поткопува бедемтие на реката кои паралелно служат и како селски патишта до обработливие површини на жителите од Дабиле Просениково и Босилово

s s1 ssss sst

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *