• Wed. May 15th, 2024

Јуниорскиот репрезентативец Јован Милев прогласен за МВП на турнир во Полска

ByЃ. K.

Feb 6, 2024

Младинската екипа на одбојкарскиот шампион Струмица викендов учествуваше на меѓународен турнир во Полска, каде покрај домаќинот Јастржебски учествуваа и чешка Острава и полскиот тим Хутник Краков, пренесува Спортспорт.мк.

Во одлична атмосфера Струмица достоинствено ја претстави македонската одбојка, а одлично издание имаше нашиот јуниор Јован Милев, кој на крајот на турнирот беше прогласен за најкорисен играч.

Учеството на ваков турнир е од огромно значење за Струмица и за нашата одбојка. Од редовите на струмичкиот клуб во иднина се очекуваат и новите македонски репрезентативци во сениорска категорија.

Извор: Спортспорт.мк

By Ѓ. K.