• Thu. May 16th, 2024

ЈПКД Комуналец го отстрани дефектот кој го прекина водоснабдувањето во делови од Струмица, Добрејци и Просениково

ByЃ. K.

Nov 10, 2023

Поради дефект на главна водоводна цевка која минува низ градскиот парк деновиве делови од Струмица и населените места Добрејци и Просениково беа без вода.

Поради обемноста на дефектот екипи на ЈПКД Комуналец работеа неколку денови и дефектот е отстранет, а водоснабувањето е нормализирано. Специфичноста на работата наложува ископите да се пополнуват етапно како не би дошло до повторно пукање на цевката.

Во текот на наредните денови ископите ќе бидат целосно санирани и велосипедската патека ќе биде вратена во првобитна состојба.

By Ѓ. K.