• Thu. May 16th, 2024

ЈП „Паркиралишта Струмица“ донираше маси и столчиња во градинката „Детска радост“

11140241_870238639696234_7603718711558990668_nГрадинката клон 6 во близина на ОУ ,,Никола Вапцаров“ подновена со нови реквизити. Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ денеска донираше маси, столчиња и играчки за децата од тригодишна возраст. Со тоа според директорката Узунова ова јавно претпријатие ја потврдува својата општествена одговорност.Од јавното претпријатие потврдуваат дека ваквите донации ќе се реализираат двапати годишно при што за ваквата намена ќе биде одвоен еден процент од вкупните приходи што ги остварува Паркиралишта преку зонското паркиње.Донираните маси и столчиња се сместени во една од двете преадаптирани простории во кои на предлог на градоначалникот Зоран Заев и раководството на градинката „Детска радост“, се создадени соодветни услови за згрижување и воспитување на децата и задоволени барањата на родителите за престој на нивните деца во клонот 6.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *