• Wed. May 15th, 2024

Јордан Плевнеш му го додели признанието Личност на Југоисточна Европа за 2024 година на градоначалникот Костадинов

ByЃ. K.

Feb 5, 2024

По признанието од струмичани, лично од амбасадор Јордан Плевнеш кој беше гостин во Општина Струмица, градоначалникот Костадинов беше почестен со информацијата дека е избран за Личност на Југоисточна Европа за 2024 година.

Таква била одлуката на Одборот на Фестивалот на Југоисточна Европа што се одржува во Париз 11 години, во Берлин 7 години и во Вашингтон 4 години, и кој е препознатлив прозорец на културата на Југоисточна Европа во светот.

Признанието ќе ја пренесе славата на Струмица на сите меридијани и како што рече Плевнеш, ако Балканот е срцето на Европа, денеска Струмица е главниот град на тоа срце на Европа, благодарение на ова признание.

„Ова огромно светско признание го посветувам на сегашните генерации струмичанки и струмичани, но и на идните, како порив уште повеќе да си ја негуваат, сакаат и чуваат општина Струмица, оти Струмица сме ние, колку ние ја љубиме Струмица, толку и таа ни возвраќа нам“, изјави градоначалникот Костадинов.

By Ѓ. K.