• Tue. May 21st, 2024

Јапонија ќе потроши 57 милијарди долари за обнова на регионите погодени од земјотресот во 2011

By

Mar 11, 2016 #Свет

Јапонската Влада денеска усвои нов петгодишен план за обнова на североисточните региони на Јапонија, кои беа погодени од катастрофален земјотрес и цунами на 11 март 2011 година.

Документот предвидува за таа цел до 2020 година да бидат потрошени 6,5 билиони јени (околу 57 милијарди долари).

– Владата ќе ги вложи сите напори за да им ја обезбеди целата неопходна помош на жителите на регионот. Луѓето можат да се чувствуваат безбедно, изјави јапонскиот премеир Шинѕо Абе на седница на Горниот дом на Парламентот.

Министерот за обнова на Јапонија по земјотресот Цујоши Такаги нагласи дека многу од жителите на погодените региони се уште живеат во времени живеалишта и додаде дека Владата ќе се погрижи да го реши тој проблем што е можно поскоро.

Новата петгодишна програма почнува во април. Таа предвидува 90 отсто од работата за обвнов на живеалиштата и другата инфраструктура во североисточниот дел на земјата да заврши до финансиската 2017 година.

Планот вклучува и укажување на медицинска и психолошка помош за настраданите од цунамито, поддршка за производството и земјоделството во регионот, како и за развојот на туризмот.

Од 2011 година јапонските власти потрошија околу 225 милијарди долари за активностите за обновување и ликвидирање на последиците.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *