• Sat. May 18th, 2024

Јаневски апелира да се почитуваат мерките против ширење на Ковид – 19

Струмичкиот градоначалник Коста Јаневски апелира граѓаните да бидат одговорни и совесни и да ги почитуваат мерките против ширење на коронавирусот. 

Еве го неговото обраќање до струмичани:

„Здравјето е нашето најголемо богатство. Да го цениме и чуваме сопственото, на нашите најблиски и на сите околу нас. Да покажеме поголема јавна свест и општествена одговорност почитувајќи ги препораките на релевантните институции за превенција од ширење на болеста КОВИД – 19. 

Јавното здравје е заедничка одговорност и секој од нас треба да го даде својот придонес со сериозно почитување на сите дополнителни препораки. 

  • Забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници – концерти, театри, кина, спортски сали, теретани. 
  • Кафетериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18.00 часот и капацитетот внатре да биде преполовен, значи да се задржи дистанцата од метар до два метра на луѓето коишто престојуваат таму.
  • Да се откажат сите кино-проекции, тетатарски претстави и концерти.
  • Се работи за нашето здравје. Ги повикувам одговорните лица во јавниот и приватниот сектор, угостителите, сите заедно да преземеме општествена одговорност и да покажеме дека здравјето ни е над се.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *