• Sun. May 19th, 2024

Јакнење на мултиетничка соработка во образованието

Јакнење на мултиетничка соработка во образованието е општинскиот проект кој ги соедини основните училишта од Струмица ,,Маршал Тито“ и „Никола Вапцаров„ како и ОУ „Маршал Тито“ од Муртино.Заеднички покажаа дека песната и играта ,но и целокупниот образовен процес не познава религија и националност.

Денес заедно со општинскиот проект во домот на АРМ беше отворена и ликовната изложба во организација на домот за деца и млади на која беа изложени творби од ученици од повеќе основни училишта во земјава

Целта на овој проект е да помогне во овозможувањето позитивни интеракции меѓу младите од различна етничка припадност на ниво на училиште и на заедница, истовремено подобрувајќи ги вештините за граѓанско образование, однесувања и волонтерски практики на младите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *