• Mon. May 13th, 2024

Ѓура Мара – чувар на велигденската народна традиција

На третиот ден од Велигден и оваа година во Миравци традиционалната манифестација „Ѓура Мара“ привлече голем број гости. На свеченото отворање на манифестацијата, на платото пред Домот на културата, градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков рече дека низ песна и игра месното население, а пред се младите, ја продолжуваат оваа фолклорна традиција која го симболизира непокорот и отпорот на македонскиот народ.


Орото го симболизира грабнувањето на убавата мома Мара, за чие спасување нејзиниот брат го жртвувал животот. По традиција го играат само девојки и повозрасни жени кои не дозволуваат маж да заигра во орото.

Оваа година учесници на фестивалот беа, покрај домаќинот КУД „Танец“ и КУД „Гоце Делчев“ од Валандово, членовите на Куд „Пријатељи“ од Јабланица, БиХ, КУД „Паја Зариќ“ од Инџија и КУД „Печанци“ од Печанци, Србија. 


Годинава, за прв пат, штитениците на центарот за деца со посебни потреби Мајка Тереза од Гевгелија, учествуваа на манифестацијата со продажна изложба на изработени предмети од страна на децата од овој центар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *