• Fri. May 17th, 2024

Штети по земјоделските посеви во струмичко од невремето со силен ветар

ByВане Трајков

Jun 22, 2021

Силно невреме проследено со ветар и дожд предизвика штети речиси во сите населени места во струмичко. Најмногу во Куклиш каде ветрот корнал и метални кровни конструкции. Една паднала во дворот на смејството Вучкови каде уништила цела оранжерија засадена со пиперки и краставички

,, Беше страшно се се случи одеднаш. Како да се спои небото и земјата. Одеднаш видов дека на соседите ја корне гаражата покриена со метална констуркција. Летна едно десетина метри во висина. Удри во оревот на комшиите и падна врз оранжериите со пиперки и краставици. Среќа што немаше никој во дворот ,, вели Вучков

Голем дел од земјоделците во Куклиш претпладнево беа по нивите и ги санираа штетите. Ги отстрануваа остатотиците од уништените полиетелински платна, поставуава нови. Велат дека штетите биле огромни .

,,Вакво време не паметам. Тоа беше страшно. Еве мораме да носиме платна за да покриеме 8 фолии засадени со пиперки. Ветрот ги направи партале. Ако може барем засеаното да го спасиме,,  раскажува Клисаров

Невремето во струмичко траеше дваесетина минути. Освен силен ветар на одделни места со дождот имаше и град.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *