• Thu. May 16th, 2024

Шампионски стартуваше ОК Џио Струмица – Силната тетовска екипа не беше доволна да ги запре шампионите, напиша Михаилов

Одбојкарите на Џио Струмица со победа ја отворија новата првенствена сезона. Во рамките на првото коло на гостувањето во Тетово забележаа победа против ОК Универзитет Тетово со резултат од 3:0 во сетови

Според информациите струмичани во текот на целиот меч демонстрирале подобра игра за разлика од домаќините кој со подршка на посетителите се обидувале да ги ,,смират,, расположените гости. Се играло цврсто и офанзивно со оглед на квалитетот што го имале домаќините но не успеале да ги надмудрат момците од Струмица кои отворено најавуваат атак на нова титула

,,Силната екипа на тетовчани не беше доволна да ги запре шампионите, ОК Универзитет Тетово – ОК Џио Струмица 0:3 ,, кусо напиша на својот фб профил предводникот на струмичкиот состав- Васе Михаилов

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *