Регион

Честитка од градоначалникот по повод празникот на жената

Денес е Ваш ден. Денес е ден за славење и почит, но и Ден за цврста решеност да се опстои во борбата за Ваша целосна рамноправност во заедницата и општеството. Меѓународниот ден на жената – 8. Март е само потврда дека во минатото, храбри и достоинствени жени испишувале светли страници од историјата, борејќи се за своите права и за потполна рамноправност со мажите. Таа борба се уште трае, па Вие, заедно со сите чинители во општеството треба да ја допишувате таа историја. Вие сте значаен дел од општина Струмица и Република Македонија и како такви заслужувате да бидете почитувани, да добивате еднакви можности за себереализирање и за рамноправност во надградбата на нашата заедница и општество. Затоа, славете го денешниов ден, но користете ги сите останати денови во годината за тие цели. Во таа смисла ја имате целосната моја поддршка и поддршката од Општина Струмица.
Нека ви е честит и вековит празникот.
Зоран Заев
Градоначалник на општина Струмица

Препорачуваме:

Се намалува цената на бензините

Сузана Мицева

Приведени три лица од струмичко за пустошење на шума, кај нив пронајдени 25 кубици бесправно исечено огревно дрво

Ване Трајков

Во две големи акции МВР вчера заплени заплени 1,6 тона дрога во вредност од 3,2 милиони евра

Ване Трајков