• Sun. May 19th, 2024

Црвен крст ја соопшти намената на собраните хуманитарни средства за помош на настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

ByЃ. K.

Sep 4, 2023

Соопштение за намена на собраните хуманитарни средства за помош на настраданото население од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија:

Црвениот крст упати голема благодарност до сите граѓани и правни субјекти за поддршката во хуманитарната акција на Црвениот крст за помош на настраданото население од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија и со големо задоволство, сака да ја информира јавноста дека во акцијата, вкупно е собрана донација на парични средства во вкупен износ од 63.380.807 денари.

Oд собраните средства, 12.427.334 денари, се испратени на сметката за Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, за помош на настраданото население во Сирија.

Црвениот крст на Република Северна Македонија по направените преговори со турската Црвената Полумесечина, на заеднички предлог, одлучи собраните хуманитарни средства во износ од 50.909.796 денари, да се наменат за изградба на училиште во градот Малатија. Новото училиште ќе го носи името на нашата држава, а 32 училници ќе ги носат имињата на градовите на нашата држава.

Овој акт ќе остави траен белег и доказ за солидарноста на граѓаните на РСМ кон граѓаните на Република Турција.

За текот на градбата на училиштето и инвестицијата, граѓаните и пошироката јавност, повремено ќе може се информираат на интернет страната на Црвениот крст на РСМ (www.redcross.org.mk).

By Ѓ. K.