• Sun. May 19th, 2024

Црвен крст Струмица го одбележа 1 октомври – меѓународен ден на старите лица

ByЃ. K.

Oct 2, 2023

По повод Меѓунаодниот ден на старите лица 1 Октомври, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Струмица во соработка со Општина Босилово организираше настан во центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење. На настанот беа промовирани услугите и активностите кои ги нудиме за помош и поддршка на старите лица како:

  • Помош и нега во домот;
  • Лична асистенција;
  • Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење.

Од страна на претседателот на ОО Црвен крст Струмица Прим-Др. Васил Тунев беше реализирана презантација за навремена контрола и превенција од дијабет, истовремено двајца волонтери мереа крвен притисок и шеќер во крвта.
На настанот беа присутни 15 стари лица.

By Ѓ. K.