• Sat. May 18th, 2024

Црвен крст со показни вежби за елементарна непогода во Ново Село и Колешино.

Успешно реализирана евакуација во случај на земјотрес во ООУ”Видое Подгорец” с. Колешино. ООЦК Струмица, МВР,ЦУК и ДЗС спроведоа евакуација на 30 вработени и 91 ученик од училиштето. При евакуацијата беше симулирано и повреда на еден од учениците. Тимот за Прва помош на училиштето ја санираше повредата скршеница на горен екстримитет. Цел на оваа вежба беше подигање на свеста кај вработените и учениците во кризни ситуации и потребата секој граѓанин да знае да дава прва помош.

Тимот на волентери од Црвениот Крст од Струмица имаше и показна вежба во општинската зграда и основното училиште во Ново Село.Општинарите и основците се евакуираа како симулација на земјотрес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *