• Tue. May 21st, 2024

Центарот Новус со подршка на британската амбасада нацрта мурал за здравствените работници

ByВане Трајков

Sep 28, 2020

Денес во рамки на активноста „За нашите херои” која финансиски е поддржана од Амбасадата на Обединетото Кралство повеќе млади луѓе предвододени од младата уметничка и илустратор Јана Мицева изработија мурал во дворот на СОУ „Јане Сандански“ во знак на поддршка и благодарност на луѓето кои се на првите борбени линии против корона вирусот кој го тишти целиот свет.

На активноста активно учество зедоа и заменик амбасадорот на Обединетото Кралство г. Доминик Отвеј како и шефот на програми г. Ричард Галовеј.

Целта на ваквата активност беше да се оддаде почит на медицинските работници кои во ваквата ситуација каде земјата планета е зафатена од пандемија, тие се нашите вистински херои!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *