• Sat. Jun 1st, 2024

Цените на нафтата пораснаа

Цените на нафтата на меѓународните пазари се зголемија поради знаците за подобра побарувачка и ниските резерви во САД, но трговците внимателно ја следат пандемијата на коронавирусот.

На лондонскиот пазар цената на барел вчера се зголеми 86 центи, на 35,51 американски долари. Во Њујорк барел се тргуваше за 76 центи повеќе од цената од 32,71 американски долара, пренесе Макфакс.

Трговците беа охрабрени од податоците на Американскиот институт за нафта (АПИ) за намалување на резервите на сурова нафта минатата недела за 4,8 милиони барели.

Преработката во рафинериите порасна за 229.000 барели на ден, што покажува дека рафинериите се обидуваат да произведат повеќе гориво со оглед на олеснувањето на мерките за заштита на коронавирусот во САД.

Мерките за ублажување во светот ја зголемуваат побарувачката за горива, а првичните податоци за испораките паралелно покажуваат дека водечките производители досега во голема мера го почитувале договорот за намалување на производството договорено од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *