• Sat. May 18th, 2024

Фотогалерија: Фудбалерот Сашко Пандев стана угостител – отвори кафеана ,,Мерак”

Фудбалерот и капитен на Академија Пандев – Сашко Пандев освен во фудбалот ќе се докажува и во угостителството.  Отвори угостителски објект насловен како ,,Градска кафана – Мерак ,, која се наоѓа во просториите на некогашен ,,Белви” спорти гимназијата во Центарот за култура Антон Панов во Струмица

На отварањето на ,,Мерак” присуствуваа голем број спортисти но и преставници од угостителската фела, кои на Сашко Пандев му посакаа успех и во оваа област слично како и брат му кој е дел од кафе барот ,,19,, на струмичкото корзо. Тој за ВИС СПОРТ изјави дека угостителството му е предизвик и поле за докажување

,, Ова предизвик за мене и се надевам дека ќе се докажам и во ова област. ,,Мерак““нема да биде градска кафеана само за спортистите туку за сите ,,мераклии” на квалитетен вкусен залак, пријатна атмосфера и беспрекорна услуга. ,,Мерак” ќе биде во тек со сите угостителски новитети но и кафеана каде ќе има музика во живо .  Се надевам дека ќе ја оправдеме довербата кај сите наши гости бидејки од утрински појадок до ноќни забави ,,Мерак” ќе биде тука за сите кои што сакаат да уживаат,, ни изјави Сашко Пандев од Академија Пандев

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *