• Mon. May 13th, 2024

Фото – Пандевци со победа го сефтосаа новиот стадион, надигран Вардар со 6:1

ByВане Трајков

Feb 10, 2019

Во пресрет на пролетниот дел од шампионатот, фудбалерите на Академија Пандев одиграа контролен меч со тимот на скопски Вардар и забележаа убедлива победа од 6:1. Натпреварот се одигра на теренот на новиот стадион што го гради Горан Пандев  и се играше двапати по 60 минути во кој двата тренера имаа можност да комбинираат со составите

Во првиот дел од контролката заврши со 3:1 за пандевци благодарение на головие на Дориев и Иванов. Во вториот како стрелци се запишаа новото засилување Велинов, Николов и Трајановски

,, Има некои сегменти на кои мора да поработиме пред пролетниот дел од првенството. Задоволен сум од резултатот против Вардар иако ова беше пријателски и контролен меч.  Теренот ни одговара на овој стадион, но првенствоо ќе го одработиме во Турново каде се надеваме дека со подршка на публиката ќе бидеме во горниот дел на табелата,,  изјави за ВИС СПОРТ Југослав Тренчовски

Пролениот дел од првенството стартува следната недела. Академија Пандев го пречекува тимот на Македонија ГП на стадионот Кукуш во Турново

фото СтрумицаНет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *