Кадетскиот состав на ,,Академија Пандев,, го освои Купот на Македонија откако денеска во големото финале ги совладаа своите врсници од Вардар во Скопје. Победата ја донесе Кристијан Трапановски во 88 минута на општо задоволство во таборот на ,,пандевци,, и многуте струмичани кои организирано заминаа за Скопје и ги бодреа од трибините
Академија Пандев во текот на целиот натпревар покажа надмоќност на теренот. Во второто полувреме притиснаа на половината на Вардар чии голман беше немоќен пред ударот на Трпановски кој беше прецизен во мрежата на Вардар.
По пионерите пред две сезони ова е втора Куп титула за Академијата на струмичкиот интернационалец Горан Пандев кој дуелот го следеше од трибините